Луис Хамилтон е најбогатиот активен спортист во Велика Британија со богатство проценето на 224 милиони фунти, објави „Сандеј тајмс“.
Шесткратниот шампион во Формула 1 си го зголемил богатството за 37 милиони фунти во однос на минатата година и стана најбогатиот британски спортист на сите времиња.
Досега Дејвид Бекам беше број 1 до моментот на пензинирањето во 2013 година, кога според проценките на „Сандеј тајмс“, имал вкупна заработка од 200 милиони фунти.
Луис заработува околу 40 милиони фунти по сезона на основа на договорот што го има со Мерцедес, а пари на сметка му доаѓаат и од бројните спонзорски договори што ги има склучено со неколку големи светски брендови.
„Сандеј тајмс“ ги објавува ваквите листи веќе 32 години, а интересно е што пилот на Формула 1 успеа да ги победи фудбалските богаташи од Премиер лигата кои заработуваат големи суми и склучуваат милионски договори.