Хамилтон го згази механичарот во боксот (Видео)

Луис Хамилтон направи неочекуван кикс поради кој можеше да настрада еден од механичарите на Мерцедес. Актуелниот светски првак во Формула 1, при влегување во боксот, не успеа навреме да го сопре болидот и удри во човекот кој стои пред него.

Веднаш по ударот, Хамилтон преку тимското радио праша како е човекот и веднаш се извини за грешката која ја направи. За среќа, механичарот немаше речиси никакви повреди од овој инцидент.

https://twitter.com/i/status/1441378477588897806

Британскиот возач е прв фаворит утре да стигне до пол позицијата на квалификациите за Големата награда на Русија. Тоа што е сигурно пред почетокот на квалификациите е дека Макс Верстапен сигурно ќе стартува од последното место. 

 

- Оглас -

Најнови вести