Верстапен в недела ќе стартува од последното место во Русија!

Макс Верстапен на неделното Гранд при за Големата награда на Русија ќе стартува од последното место. Ова стана јасно откако по денешниот прв тренинг, Верстапен имаше проблеми со болидот и механичарите одлучија дека е потребно да се замени неговиот болид.

Валтери Ботас беше најбрз на денешниот тренинг, а втор беше Луис Хамилтон додека Верстапен беше трет. Челниците на Ф1 потврдија дека Верстапен ќе стартува како последен, без разлика која позиција ќе ја освои на утрешните квалификации. Од Ред Бул потврдија дека ќе биде направена промена на моторот на болидот на Верстапен.

 

- Оглас -

Најнови вести