Луис Хамилтон, актуелниот шампион на Формула 1, уште не е сигурен дали ќе ја продолжи соработката со неговиот актуелен тим Мерцедес или ќе направи трансфер во најголемиот ривал Ферари. Веќе одамна не е тајна дека италијанскиот тим сака да го доведе шестратниот светски првак во својот тим, но Мерцедес никако не сака да се откаже од човекот кој им ги носи титулите.
Според шпекулациите, Мерцедес е подготовен пред почетокот на сезоната да му понуди нов тригодишен договор на Хамилтон, вреден 60 милиони евра по сезона. Тоа би значело дека Британецот за три години ќе добие неверојатни 180 милиони евра.
Англичаните веднаш пресметаа дека ако се случи овој договор, Хамилтон ќе заработува пет милиони евра месечно, односно 1.100.000 евра неделно, а дневно би заработувал по 164.000 евра. Ако се реализира овој договор, Хамилтон на час ќе заработува речиси 7.000 евра, односно 114 евра на секоја минута.