32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Хамилтон најбрз по првиот тренинг во Унгарија

Луис Хамилтон извозе најбрзо време со неговиот болид на Мерцедес на првиот тренинг во пресрет на трката за Големата награда на Унгарија. Британецот запиша време од 1:17.223, што го направи побрз од Макс Ферстапен за помалку од половина секунда. Се чини дека актуелниот светки првак го заборави катастрофалниот настап во Германија, па целиот фокус му е насочен кон претстојната трка во која ќе се обиде да ја запише осмата победа за оваа сезона.

Хамилтон со ова најави атак на седма пол-позиција во Унгарија, со која би се изедначил со Михаел Шумаер, рекордерот на „Хунгароринг“.

Себастијан Фетел со неговото Ферари извозе трето најбрзо време, односно беше поспор од Ферстапен за илјадити дел од секундата, додека на четвтото, односно петтото место се најдоа Пјер Гасли и Кевин Магнусен. Од шестото до десеттото место се пласираа Леклер, Хулкеберг, Норис, Сајнц и Рајконен.

Со непосакувани проблеми се соочи вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. Финецот воопшто не се појави на патеката откако механичарите мораа целосно го расклопат неговиот болид.

Вториот тренинг на патеката „Хунгароринг“ ќе се одржи во 15 часот, за утре се предвидени квалификациите, додека самата трка е закажана за во недела во 15 часот.

https://twitter.com/F1/status/1157238470206795776

- Оглас -

Најнови вести