36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Хамилтон сепак освои бодови на една од најлудите трки во Ф1

Луис Хамилтон имаше очајна трка за Големата награда на Германија откако стартуваше од пол-позицијата, а заврши на 11-тото место. Британецот дури шест пати мораше да оди во боксот, имаше неколку инциденти и на крајот заврши без бодови. Сепак, Хамилтон ќе се радува на бодови бидејќи двајцата возачи на Алфа Ромео, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци се казнети.

Возачите на Алфа Ромео завршија на 7-мото и 8-мото место, но добија 30 секунди казна откако било утврдено дека на стартот од трката отпуштањето на квачилото не траело 70 милисекунди, туку кај двајцата возачи тоа било повеќе од 300 милисекунди.

Поради овој пропуст, двајцата возачи заработија казна од по 30 секунди, па сега Грожан и Магнусен се на 7-мото и 8-мото место, а како деветто и 10-топласирани завршија Хамилтон и Кубица. Возачите на Алфа Ромео останаа без бодови поради казната.

Макс Ферстапен од Ред Бул е победник на лудата трка, а голем добитник е и Себастијан Фетел од Ферари, кој стартуваше од последната позиција, а на крајот заврши како второпласиран.

- Оглас -

Најнови вести