Можно ли е Формула 1 шампионатот да остане без најдобриот возач на денешницата? Луис Хамилтон повеќе од една деценија вози во врвна форма и тоа досега му донесе пет шампионски титули. Британецот е на чекор од нов трофеј за најдобар возач, а тоа може да го направи уште на следната трка.
Хамилтон на својот инстаграм-профил испрати порака која многумина ги збуни.
„Искрено, чувствувам да напуштам сѐ и да завршам. Зошто да се замарам кога светот е во таква катастрофа, а очигледно на луѓето не им е грижа. Малку ќе се одалечам. Да ги средам мислите. Им благодарам на сите луѓе кои се грижат за светот“, напиша Хамилтон.