Хрватската старлета Ава Карабатиќ го привлече вниманието на еден од најдобрите, ако не и најдобар, ракометар на светот, Микел Хансен, па најзаслужниот што Данска неодамна стана светски првак, сега има слободно време кое го користи на социјалните мрежи, ѝ ставил лајк на една објава на Ава, по што таа се пофали.
Данецот кај Ава можеби го привлекува и нејзиното презиме, па можеби помислил дека таа му е роднина на Никола Карабатиќ, Французинот со хрватско потекло, кој со Хансен се едни од најдобрите ракометари на светот во последните десетина години.
Како и да е, Ава има доказ дека Хансен ставил допаѓање на нејзина објава.