Ханси Флик доби „корпа“, ѕвездата му порача: „Сакам да играм со Винисиус и Мбапе“

Sвездата на Баер Леверкузен, Жереми Фримпонг, е мета на големите шпански ривали, Реал Мадрид и Барселона, кои посакуваат да го видат во нивниот дрес. Ханси Флик и Карло Анчелоти сакаат да го ангажираат десниот бек, кој одлично се снаоѓа и како крило.

Фримпонг има договор со Баер Леверкузен до 2028-мата година, а неговата вредност во моментов е 50 милиони евра. Сепак, фудбалерот јасно кажа каде сака да ја продолжи својата кариера. Единствената желба на Фримпонг е да го облече дресот на Реал Мадрид и да настапува во иста екипа со Винисиус и Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести