Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик, има голема желба во тимот да го доведе Кингсли Коман од Баерн Минхен, пренесува германското издание „Билд“. Стратегот е во многу добри односи со крилниот напаѓач, кој го донесе пехарот од Лигата на шампионите во финалето во Лисабон во 2020 година кога на кормилото на тимот беше Флик.
Желбата на тренерот е Кингсли Коман да биде замена за Рафиња, кој во последните две сезони не успеа комплетно да се наметне во каталонскиот тим. Од друга страна, за Бразилецот има профитабилни понуди од Саудиска Арабија што Барселона сака да го искористи.
Евентуалниот трансфер на Коман на „Камп Ноу“ би го направил четвртиот играч кој тесно соработувал со Ханси Флик, по Илкај Гундоган, Марк-Андре Тер Штеген и Роберт Левандовски.
Францускиот репрезентативец е дел од Баерн Минхен од 2017 година и за тоа време освои сѐ на клупски план со Баварците, па не е исклучено да сака и промена на средината.