Тренерот на Барселона, Ханси Флик, повика на подобар третман на фудбалските судии во Шпанија, откако во изминатиот период најгласни беа од најголемиот ривал на „каталонците“, Реал Мадрид. Германецот не спомена имиња, но на официјалната прес-конференција пред мечот со Лас Палмас побара реакција од Фудбалскиот сојуз на Шпанија, кој треба да се стави во заштита на судиите.
„Она низ што поминуваат судиите во Шпанија е неверојатно.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, повика на подобар третман на фудбалските судии во Шпанија. Мора да им веруваме на судиите. Сега е моментот федерацијата да реагира и да покаже колку е силна. Судиите се луѓе, нормално е и да згрешат, како што грешиме и ние тренерите и фудбалерите. Нашата природа е таква што кога губиме, секогаш виновни ни се судиите.“ – рече Флик.
Барселона утре гостува кај Лас Палмас и може барем за еден ден да биде осамена на врвот од табелата во шпанската Ла Лига.