Ханси Флик: Резултатот е неправеден, а некои судиски одлуки не беа добри за нас

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не го криеше разочарувањето по драматичното испаѓање од Лигата на шампионите во полуфиналето против Интер. Германскиот стратег изрази незадоволство од, според него, „неправедниот“ резултат и одлуките на судијата кои му оделе во прилог на италијанскиот тим.

„Сите сме разочарани, вложивме многу. Имаше неколку спорни ситуации што беа пресудени во корист на Интер. Горд сум на мојот тим – игравме добро, но резултатот е неправеден. Некои судиски одлуки беа добри, но не за нас“, истакна Флик.

Иако не сакаше да влегува во детали за одлуките на полскиот судија Шимон Марчињак, Флик сепак призна дека му рекол сѐ што мислел:

„Не сакам да зборувам премногу за судијата. Не би било фер кон моите играчи, кои одиграа фантастично. Му кажав сѐ што требаше.“

Флик и младиот Пау Виктор добија жолти картони за несоодветно однесување, а еден од најконтроверзните моменти беше стартот на Пау Кубарси над Лаутаро Мартинес – на прв поглед чист, но ВАР покажа дека не ја допрел топката, туку ногата на напаѓачот на Интер. Оваа ситуација, заедно со други, предизвика бурни реакции во Каталонија.

„Интер има искусни и физички силни напаѓачи. Ние имаме млад тим и треба да учиме и да се подобриме – во одбраната и во нападот. Ова е фудбал, не можеш секогаш да победуваш.“

И покрај емотивниот пораз, Флик заврши со џентлеменски гест.

„Сакам да им посакам среќа на фудбалерите на Интер. Одиграа одличен натпревар и заслужено се во финалето. Им посакувам успех во Минхен“, порача тренерот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести