Лос Анџелес енџелс го победи тимот на Сиетл маринерс со 2:1 во меч од бејзбол лигата во МЛБ, а дуелот имаше голем инцидент и масовна тепачка на играчите на двете екипи, која траеше неколку минути и предизвика прекин од вкупно 18 минути.
Повод беше ударот на Ендрју Ванц од Лос Анџелес со топче директно во телото на Џеси Винкер, а ситуацијата ескалира со инцидент во кој учествуваа и играчите на теренот и тие од клупата.
https://twitter.com/BallySportWest/status/1541157852374618116?s=20&t=4KfxJXGBZkf4pQNpEBb6ag
Откако ситуацијата некако се смири, беа исклучени двајцата тренери на двете екипи и по тројца играчи на Лос Анџелес и Сиетл.