Настанот „Фајт најтс глобал“ во Москва во организација на АМЦ, предизвика скандал и голема тепачка во која учествуваа голем број луѓе, па и полицијата не можеше да ги смири.
Владимир Минеев и Магомед Исмаилов (нивната претходна борба во октомври 2018 година заврши нерешено) требаше да ја промовираат својата борба во средна категорија, но си разменија провокативни зборови од кои им зовре крвта, па почнаа да се тепаат. Во октагонот влетаа 20-тина лица и веќе не се знаеше „кој пие, кој плаќа“. Боксови летаа на сите страни. Реагираше и полицијата, а по завршување на инцидентот, борбите продолжија најнормално.
Погледнете што се случи и на каква тепачка беше сведок публиката во Москва:
Well they're certainly in the Christmas spirit over at AMC Fight Nights in Russia pic.twitter.com/gCWagXAFRs
— caposa (@Grabaka_Hitman) December 24, 2020