15.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Хаос на почетокот на Игрите: Снема струја за време на натпреварите во карлинг

За првпат во историјата на Олимписките игри, церемонијата на отворање ќе се одржи на повеќе локации и ќе вклучува истовремено палење на олимпискиот оган во друг град-домаќин.

Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026 започнаа во средата, со турнирот за мешани двојки во карлинг во Кортина д’Ампецо, два дена пред официјалната церемонија на отворањето.

На првиот ден од натпреварувањата на програмата беа четири средби. Шведска ја победи Јужна Кореја со 10-3, Велика Британија славеше против Норвешка со 8-6, Канада беше подобра од Чешка со 10-5, а Швајцарија ја победи Естонија со 9-7.

Интересно, воведните натпревари во карлинг беа прекинати поради краток прекин на електричната енергија. Светлата затреперија, а неколку натпреварувачи останаа да се лизгаат по мразот без контрола. Сепак, брзо се врати струјата и натпреварувањето продолжи на огромно задоволство на публиката.

Официјалниот почеток на Олимписките игри ќе биде во петок, со церемонијата на отворање која ќе се одржи во Милано, на стадионот „Сан Сиро“, а истовремено ќе се одржи на три други локации во Предаско, Ливињо и Кортина д’Ампецо.

Еден олимписки оган ќе биде запален во Милано, кај „Арко дела Паче“, култно обележје на градот, додека другиот ќе биде во Кортина д’Ампецо, на „Пјаца Дибона“, центарот на познатиот скијачки центар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести