Хаос на стартот на влажниот Хунгароринг, трката е прекината!

Стартот на денешната Формула 1 трка за Големата награда на Унгарија на дождливиот Хунгароринг, поточно првата кривина после стартната рамнина, донесе хаос и прекин на трката.

Луис Хамилтон остана напред на прво место, а зад него имаше карамбол и повеќекратни судари, по кои трката е прекината, додека не се исчисти патеката.

Трката е завршена за Ботас, Леклер, Перес и Строл. Нередот почна кога Ботас удри во Норис, а пилотот на Мекларен удри во Ферстапен и ги истурка од патеката двата болиди на Ред Бул.

Ферстапен има оштетување, механичарите работат на дефектот и тој можеби ќе остане во трката.

Кога трката ќе продолжи, редоследот е Хамилтон, Окон, Фетел, Саинс, Цунода, Латифи, Алонсо, а Ферстапен е дури 13-ти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести