Хаос: Навивачите на Партизан се тепаа поради скандирање за претседателот Вучиќ (Видео)

Партизан минимално со 1:0 ја победи Дунајска Стреда во првиот меч од второто претколо во Конференциската лига, а освен единствениот гол, мечот го одбележаа нередите на трибините. Дел од навивачите на трибините на Запад и Исток пееја песни со навредлива содржина наменета за претседателот на Србија, Александар Вучиќ, па се налутија дел од фановите кои беа на Југ.

Дваесетина навивачи од Југ се преселија на другата трибина и започнаа да се тепаат со оние кои скандираа против Вучиќ.

На видеата кои ги снимија директно.рс се гледа како навивачите кои ги направија тепачките потоа скокаат на атлетската патека и бегаат повторно на јужната трибина.

 

- Оглас -

Најнови вести