Хаос околу Алкасер: Арапите му ја прекинаа позајмицата после 40 часа, а и Вилјареал му го раскина договорот

Шпанскиот напаѓач Пако Алкасер, се најде во необична ситуација, откако пред два дена беше испратен на позајмица, а денеска два клуба му раскинаа договор.

Алкасер требаше да игра за Ал Шарџа од Обединетите Арапски Емирати, како позајмен од Вилјареал, се сликаше во дрес на арапскиот клуб, но денеска дојде до тотален хаос.

Ал Шарџа еднострано се откажа од позајмицата и го врати Пако во Вилјареал, но Жолтата подморница не го сака, и му го раскина договорот.

Вилјареал му раскина на Алкасер, за да направи простор за ангажман на Единсон Кавани.

- Оглас -

Најнови вести