Неколку часа по трката за Големата награда на Австрија, на која славеше Макс Ферстапен, челниците на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) казнија дури осуммина возачи и целосно го променија распоредот.
За време на трката, возачите имаа големи проблеми со десеттиот свиок и често излегуваа надвор од патеката, поради што стјуардите на трката почнаа да ги казнуваат возачите со пет секунди во боксот за време на трката, но одредија казни и по неа.
BREAKING: Eight drivers receive post-race penalties for track limit infringements during the race
The top 10 results change, although the podium remains unaffected #AustrianGP #F1 pic.twitter.com/scwtaQG96q
— Formula 1 (@F1) July 2, 2023
Најголема казна доби возачот на Алпине, Естебан Окон, кој доби 30 секунди казна, а десет секунди се додадени на времињата на Карлос Сајнс од Ферари, Луис Хамилтон од Мерцедес, Пјер Гасли од Алпине, Алекс Албон од Вилијамс, Логан Сарџент од Вилијамс, Ник де Врис од Алфа Таури и Јуки Цунода од Алфа Таури.
Поради казните, променет е распоредот на трката, првите тројца Ферстапен, Леклер и Перес остануваат на своите позиции, но Сајнс, кој заврши на четвртото место, по казната е шести. Ландо Норис се искачи на четвртото место, а Фернандо Алонсо на петтото. Џорџ Расел го прескокна клупскиот колега Хамилтон, а бодови освоија уште Ленс Строл и Пјер Гасли.