Големото дерби во првенството на БиХ помеѓу Железничар и Сараево имаше навивачка предигра.
Навивачите на Сараево, „Хорде зла“ вооружени до заби со ножеви, палки, шлемови,упаднаа во населбата Грбавица која е територија на „Манијаците“, навивачите на Железничар.
Но, наместо на „Манијаците“, навивачите на Сараево налетаа на полиција која дел од нив приведе и не дозволи поголеми инциденти.
Дербито во шампионатот на Бих треба да започне во 18.45 часот.