Екипата на Депортиво Мадрин обезбеди финале од плејофот за влез во аргентинската фудбалска елита откако на домашен терен славеше со 1-0 над Депортиво Морон во полуфиналето.
Сепак, гостите незадоволни од резултатот и од судиите, започнаа масовна тепачка на теренот, па мораше да интервенира полицијата, која со штитови и палки мораше да го изнесе судијата од теренот, но и да ги раздели фудбалерите на двете екипи.
Кога веќе немаше со кого да се тепаат, гостинските играчи ја нападнаа и полицијата и започнаа да удираат по штитовите, на што следуваше одговор во вид на лут спреј, кој стави крај на инцидентите.
Неколку фудбалери на Депортиво Морон се пожалиле на повреди на очите по мечот како последица на употребениот лут спреј.

