Хаос во Баерн по поразот од Граѓаните, Мане му удрил бокс на соиграч

Баерн Минхен загуби со убедливи 3:0 на гостувањето кај Манчестер сити во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, но тоа не е единствениот проблем за германскиот тим бидејќи во соблекувалната дошло до тепачка, пишува „Билд“.

Според „Билд“, во соблекувалната дошло до физичка пресметка меѓу Садио Мане и Лерој Сане и напаѓалот му удрил бокс на соиграчот и му ја раскрвавил усната.
Веднаш се вмешале и соиграчите кои ги раздвоиле „воинствените“ фудбалери и го испратиле Сане надвор од соблекувалната.

Според весникот, причина за тепачката биле вербалните навреди што си ги упатиле соиграчите на теренот.

Управата на Баерн одби да даде коментар за инцидентот во соблекувалната.

- Оглас -

Најнови вести