Хаос во Италија: Евакуација на патеката за Формула 1, под прашалник е одржувањето на трката (Видео)

Претстојниов викенд треба да се вози трката за ГН на Сан Марино, на патеката „Имола“. Екипите веќе пристигнаа и ги поставија своите боксови со комплетната опрема. Сепак, поради големите врнежи и поплавите во овој дел на Италија, екипажите добија наредба во рок од 30 минути да се евакуираат од патеката.

Целиот регион на Емилија Ромања е поплавен, патиштата се полни со вода и во моментов е нејасно како 150.000 гледачи би пристигнале до местото каде што треба да се одржи трката овој викенд.

Од властите на овој регион, но и од раководство на трката на Ф1 велат дека навремено ќе известат дали трката ќе се одржи, а за денес во попладневните часови е најавено и одржување на состанок на оваа тема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести