9.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Хаос во Калкута: Навивачите го демолираа стадионот на кој беше Меси (Видео)

Лионел Меси е во тридневна посета на Индија, а турнејата ја започна од Калкута. 110.000 гледачи се собраа на стадионот во овој индиски град за да го видат Аргентинецот, но посетата заврши неславно. Голем дел од нив не успеаја да го видат Меси, па започнаа да фрлаат со тврди предмети во теренот, а потоа и упаднаа на тревникот.

Меси беше на стадионот во Калкута околу 10 минути, а навивачите се пожалија дека платиле за билет по 12.000 индиски рупи или нешто повеќе од 100 евра. Тие обвинија дека привилегија да го видат Меси и да се фотографираат со него имале само политичарите.

- Оглас -

Најнови вести