Не само што е дерби на теренот, дуелот меѓу Наполи и Ливерпул дефинитивно е и дерби меѓу навивачите. Нетрпеливоста меѓу италијанските и англиските фанови трае повеќе децении, па затоа и тоа што вечерва се случува во Неапол не е за чудење.
Еден навивач на Ливерпул заврши во болница, а уште неколкумина се полесно повредени откако домашни тифози ги нападнаа Англичаните. Италијанците цел ден со скутери кружеле низ градот за да го најдат местото каде што ќе бидат собрани фановите на Ливерпул.
Откако успеале да ги лоцираат, ги нападнале со факели, столици и други тврди предмети. За Ливерпул ова е прво гостување во Неапол, по тоа во 2010 година, кога тројца англиски фанови беа избодени со нож. Очигледно, ни вечерва нема да биде воопшто мирно.