5.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Хапоел подобар од Партизан, повеќе поени од Срби имаше израелскиот отколку српскиот тим

Хапоел Тел Авив кој е изненадувачки лидер на табелата во Евролигата после седум кола, вечерва во Софија го победи Партизан со 97-84 и тоа благодарение на ефикасната игра во второто полувреме во кое израелскиот тим постигна 54 поени.

Кај Партизан, дебитираше новиот центар Бруно Фернандо со 6 поени и три скока за 13 минути на паркетот, но фали повредениот Карлик Џонс на надворешните позиции како што фалеа поени од домашните играчи. Србите постигнаа вкупно 9 поени за Партизан, а кај Хапоел, 10 поени даде Србинот Василије Мициќ.

Така, Димитрис Итудис извојува нова победа над својот кум и некогашен ментор и учител, Жељко Обрадовиќ.

- Оглас -

Најнови вести