Харден даде 50 поени, ама трипати беше трагичар на мечот, нов рекорд на Дончиќ (Видео)

Лука Дончиќ и Далас Маверикс се незадржливи, па утрово се радуваа на триумф од 118:97 на гостувањето кај Њу Орлеанс. Феноменалниот словенечки кошаркар на овој меч стигна до уште еден рекорд, но овојпат тој е поврзан со скоковите.

Дончиќ имаше дури 18 скока, а и шутерски беше одлично расположен, па заврши со 33 поени, а имаше и пет асистенции. За Далас ова е четврта победа во низа и моментно тимот е на четвртото место на Западната конференција.

https://youtu.be/4KQT_j4J2wk

Највозбудливиот меч го одиграа Сан Антонио и Хјустон, а на крајот Спарс славеше победа од 135:133 дури по две продолженија. Гостите беа поблиску до победата, но нивниот најдобар играч Џејмс Харден беше трагичар, иако на крајот заврши со 50 постигнати поени.

Во регуларниот дел, Сан Антонио преку Лони Вокер даде тројка и израмни на 115:115, а потоа Харден утна шут за победа на Хјустон. Вториот шут за победа, Харден го утна на крајот од првото продолжение, а кулминацијата се случи во последните секунди од второто продолжение.

Харден по третпат утна шут за победа, а потоа направи и фаул, по кој Сан Антонио стигна до поени и на крајот домаќините се радуваа.

Во останатите мечеви кои се играат утрово: Кливленд – Детроит 94:127, Вашингтон – Орландо 120:127, Торонто – Мајами 110:121 по продолжение, Денвер – ЛА лејкерс 96:105, ЛА клиперс – Портланд 117:97.

 

- Оглас -

Најнови вести