Хјустон рокитс ја продолжи победничката серија запишувајќи ја 11-тата победа на последните 12 меча, а ноќеска за нијанса беа подобри од актуелните шампиони, Голден стејт вориорс со 135:134. Џејмс Харден одново одигра брилијантно и тој е апсолутен херој на „ракетите“ во дербито на Западот.
Брадата прво погоди тројка за израмнување на 119:119 на четириесетина секунди до крајот на регуларниот дел и практично изнуди да се игра дополнително време. Кога се одлучуваше победникот, Харден ја искористи единствената шанса. При резултат од 132:134, Харден имаше само пет секунди во последниот напад, па погоди тројка за победа преку Томпсон и Грин оставајќи ја публиката во „Оракл“ во неверување.
Најкорисниот играч во Лигата за изминатата сезона средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 44 поени и 15 асистенции, а имаше голема помош од Капела, кој исто така забележа дабл-дабл од 29 поени и 21 скок.
Кај поразените, Стеф Кари беше најрасположен со 35 поени, по 26 додадоа Дурант и Томпсон.
https://twitter.com/NBA/status/1081071246765424640
https://www.youtube.com/watch?v=Oy9DnT0A4jU
Резултати НБА:
Голден стејт вориорс – Хјустон рокитс 134:135
Сан Антонио спарс – Торонто репторс 125:107
Сакраменто кингс – Денвер нагетс 113:117