Џејмс Харден и Расел Вестбрук го предводеа Хјустон до 15-тата овосезонска победа, откако на домашен терен Хјустон славеше против Феникс санс со 115:109. Брадата ја исфорсира победата за Хјустон со неговото претерано трошење напади, кое сепак на крајот се исплати.
Харден реализира 34 поени, 6 скока и 4 асистенции, неговиот учинок од поле беше 8/27, односно 3/17 од линијата за три поени. За негова среќа, расположен беше Вестбрук кој го оствари третиот трипл-дабл учинок во низа, а заврши со 24 поени, 14 скока и 11 асистенции. За Сонцињата, како и по обичај најефикасен играч беше Девон Букер со 35 поени и 5 асистенции.
Партија на кариерата одигра Бен Симонс во историската победа на Филаделфија севентисиксерс против Кливленд кавалирс. Сиксерс доминираа со 141:94, остварувајќи учинок од 11-0 на домашен терен на стартот од оваа сезона. Послееден пат кога Филаделфија запиша 11 победи на домашен терен во низа се играше сезоната 1966/67, додека им требаат уште 11 победи за да го израмнат рекордот на франшизата.
Симонс мечот го заврши со високи 34 поени и 7 асистенции, негов најдобар учинок на еден меч, додека од игра промаши само двапати (12/14), а реализира и една тројка.
Oстанати резултати: Њујорк никс – Индијана пејсерс 103:104, Јута џез – Мемфис гризлис 126:112.