Џејмс Харден го торпедираше Сакраменто со нова педесетка сезонава, петта гарнирана со трипл-дабл, што е фантастичен учинок. Бекот на Хјустон имаше и 11 скокови и 10 асистенции во победата на Хјустон од 119:108.
„Неверојатно е како игра Џејмс. И тоа го чини секоја ноќ во последните три сезони. Секоја чест. Тешко е и да се замисли, а не да се оствари“, изјави тренерот на ракетите, Мајк Дантони.
Хјустон го искористи поразот на Портланд од Детроит и сега има предност во битката за третото место во Западната конференција.
Сакраменто има само теоретски шанси да игра во плејофот по поразот од Хјустон.
Резултати: Хјустон – Сакраменто 119:108, Бруклин – Бостон 110:96, Детроит – Портланд 99:90, Индијана – Орландо 116:121, Њујорк – Мајами 92:100, Чикаго – Торонто 101:124, Минесота – Филаделфија 109:118, Феникс – Мемфис 115:120.