Џејмс Харден одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата откако даде 50 поени, а на крајот комплетираше и трипл-дабл (11 асистенции и 10 скока) во победата на Хјустон против Лос Анџелес лејкерс од 126:111. Иако на крајот триумфот е со 15 разлика, во поголем дел од мечот беше неизвесно, а „ракетите“ на крајот го скршија отпорот на гостите.
Популарниот Брада по четврти пат во кариерата одигра меч на кој постигнува барем 50 поени, а има и „трипл-дабл“, со што се израмни со Расел Вестбрук. Низ историјата на НБА-лигата тоа го направиле само уште Вилт Чемберлен и Елгин Бејлор, и тоа само по двапати.
Кај Лејкерс, очекувано, најпрецизен беше Леброн Џејмс со 29 поени, додека Кајл Кузме додаде 24 за гостите, но тоа не беше доволно да се спречи пораз.
Најубедливата победа утрово ја забележа Сан Антонио спарс откако со 125:87 го растури ЛА клиперс. За Спарси ова е четварта победа во низа. Доминацијата на домаќините во утринските мечеви со победа ја потврдија и Орландо и Феникс. Орландо пред своите навивачи го победи Чикаго со 97:91, а Феникс беше подобар од Далас со 99:89.