Ол-стар бекот, Џејмс Харден, сака кариерата да ја продолжи во Лос Анџелес клиперс, тим за кој смета дека има големи шанси да ја освои титулата со кошаркари како Каваи Ленард и Пол Џорџ, но неговиот актуелен тим има поинакви планови.
Генералниот менаџер на Филаделфија сиксерс, Дерил Мори, откри дека Харден сака си оди од тимот, но ќе му биде исполнета желбата само доколку Филаделфија добие играчи кои ќе и помогнат да дојде до титулата.
„Доколку не добиеме доста добар играч или нешто што можеме да го направиме во многу добар кошаркар, тогаш нема да го размениме Џејмс Харден“, изјави Мори.
Харден има уште една година од договорот и во следната сезона ќе заработи 35,6 милиони долари.