Селекцијата на Англија води со 0:2 по првото полувреме против Италија во дерби-пресметката на стартот од квалификациите за пласман на ЕП 2024.
Во групата Ц, во која се наоѓа и Македонија, Англичаните поведоа со голот на Деклан Рајс во 13-тата минута, откако играчот на Вест хем најдобро се снајде во мешаницата во шеснаесетникот на Донарума.
Во 44-тата минута Хари Кејн го реализира пеналот кој Англичаните го добија поради играње со рака на дефанзивецот на Италија, Џовани ди Лоренцо.
Ова беше 54-ти гол за Кејн во националниот тим и стана најдобар стрелец во историјата на Англија, надминувајќи го рекордот на Вејн Руни.
https://twitter.com/SpursOfficial/status/1639001716350767121?s=20
Идентично водство по првиот дел има и селекцијата на БиХ, која игра против Исланд. Двата гола за БиХ ги постигна Раде Круниќ, првиот во 14-тата, а вториот во 40-тата минута.
Данска благодарение на Расмус Хојлунд, води по првиот дел во скандинавската пресметка со Финска, а Португалија има минимална предност против Лихтенштајн по првиот дел.