Хари Кејн ја освои Златната копачка на Европа!

Хари Кејн одигра фантастична сезона во дресот на Баерн Минхен, но за негова несреќа, најтрофејниот германски клуб не успеа да освои ниту еден трофеј. Ова е прв пат по повеќе од една деценија Баерн Минхен да ја заврши без титула, со што продолжи проклетството на Кејн, а тоа е да не се израдува на ниту еден пехар во клупската кариера.

Сепак, на крајот од сезоната, Кејн доби големо признание. Тој и официјално е прогласен за најдобар стрелец во Европа.

Капитенот на англиската репрезентација постигна 36 погодоци за Баерн Минхен во Бундеслигата. Секој погодок во Германија се множи со коефициент два, што значи дека Кејн заврши со 72 поени.

Зад Кејн на оваа листа на најдобри стрелци во Европа останаа Гираси (28 голови), Халанд (27 голови), Мбапе (27 голови) и Опенда од Лајпциг (24 голови) кој го затвора кругот на Топ 5 напаѓачи на Стариот континент.

Кејн во кариерата бил најдобар стрелец и на Светското првенство во Русија во 2018 година, бил најдобар голгетер и во Премиер лигата, а сега го доби приматот и за најдобар стрелец во Европа.

- Оглас -

Најнови вести