Германскиот гигант Баерн Минхен започна преговори со напаѓачот Хари Кејн за продолжување на договорот, објавија медиумите во Германија.
Двете страни се посветени на продолжување на соработката, и покрај гласините за евентуално заминување на англискиот репрезентативец. Преговорите се во напредна фаза и се очекува новиот договор да биде потпишан до 2029 година. Клубот исто така продолжува да го следи трансфер пазарот за нови напаѓачи со кои би го засилил составот.
Хари Кејн се приклучи на Бајерн во 2023 година од Тотенхем. Во овој период, тој одигра 121 натпревар, постигнувајќи 115 голови и забележувајќи 29 асистенции.
Сегашниот договор на капитенот на Англија со германскиот шампион важи до 2027 година.

