Хари Кејн: „Не се плашиме, подготвени сме за Реал Мадрид“

Баерн Минхен демонстрираше апсолутна доминација против Аталанта и со вкупни 10:2 си обезбеди место во четвртфиналето на Лигата на шампионите. По убедливата победа во првиот меч, Баварците и на „Алијанц арената“ беа сигурни, славејќи со 4:1.

Во центарот на вниманието повторно беше Хари Кејн, кој постигна два гола и го предводеше својот тим до нов триумф. Англискиот напаѓач по натпреварот истакна дека клучот бил во сериозниот пристап и покрај големата предност.

„Со ваква предност лесно можеш да се опуштиш, но ние сакавме да победиме на ист начин како и во првиот меч. Заслугата е на целиот тим – бевме фокусирани од почеток до крај“, изјави Кејн.

Баерн веќе гледа кон следниот предизвик, каде што го очекува дерби-пресметка со Реал Мадрид. Кејн е јасен – нема страв, но има респект.

„Кога играш против Реал во Лигата на шампионите, секогаш те чека тешка битка. Ќе бидеме подготвени – не се плашиме од никого, иако знаеме колку ќе биде тешко“, порача напаѓачот.

- Оглас -

Најнови вести