Хари Кејн со првиот допир на топката даде гол, Англија израмни на 1:1 против Македонија (Видео)

Англија врши опсада на голот на Македонија и тоа им се исплатеше на гостите откако Хари Кејн даде гол со глава во 59-тата минута. Само 20-тина секунди претходно, Кејн влезе во игра и буквално со првиот допир на топката успеа да постигне гол.

Фоден го изведе корнерот, а Кејн биеше во небранетиот агол од голот на Димитриевски. Погодокот на Кејн може да го погледнете ТУКА.

Претходно Англија даде гол и преку Грилиш, но тој беше поништен поради офсајд, кој беше сигнализиран од ВАР-собата.

- Оглас -

Најнови вести