Легендарниот англиски стручњак Хари Реднап, би се согласил да ја преземе клупата на Тотенхем.
Иако се пензионираше во 2017 година, кога го водеше својот последен клуб Бирмингам, Реднап признава дека би сакал да се врати во Тотенхем. Тој одбележа одлична ера во клубот од есента 2008 година до летото 2012 година.
„Дали би сакал да се вратам во Тотенхем? Секако дека би сакал без размислување. Но, јас сум реалистичен. Сепак, не живеам во свет на фантазии и сум свесен дека ќе биде тешко да ја добијам работата. Дали би можел да го направам тоа како што треба? Верувам дека би. Она што им треба е тренер кој ќе ги врати на основите. Да работат напорно, а уште повеќе кога ќе ја изгубат топката за да ја вратат во свој посед. Тие треба да бидат обединети и да играат со поголема самодоверба и повторно да веруваат во себе“, рече Реднап.
Потоа Реднап додадедека во Тотенхем знаат каде да го најдат.
„Тие го имаат мојот телефонски број. Ако некој сака, може да ме повика, знае каде сум. Нема да седам до телефонот и да чекам да заѕвони, но јас сум тука “, рече Реднап.
За оние кои заборавиле, легендарниот Реднап раководел со бројни клубови, а својата прва работа ја доби во Борнмут во 1983 година. Подоцна, ги водеше Вест Хем, Портсмут, Саутемптон, Тотенхем, КПР и Бирмингам.

