Хауард Веб најави ново правило, голманите ќе мора многу да внимаваат

Едно од најдинамичните првенства во светот е англиската Премиер лига. Сепак, многумина сметаат дека и во Премиер лигата има многу задржување на времето и неактивна игра.

Токму затоа, легендарниот англиски судија, Хауард Веб се обидува да воведе едно ново правило. Се работи за моментот кога топката е во рацете на судиите.

„Во Премиер 2 лигата каде што играат екипите до У21 се испробува нешто ново. Ако голманот ја држи топката во своите раце повеќе од шест секунди, судијата треба да сигнализира и да додели корнер за противникот. Ако голманот е доволно глуп, ќе биде одговорен зошто противникот добил корнер“, вели Веб кој сега е шеф на англиската судиска организација, а во минатото има судено на четири големи натпреварувања.

Револтиран поради задржување на времето е и некогашниот дефанзивец на Манчестер јунајтед Гери Невил.

„Има ситуации кога голманот ја држи топката и по 13 или 14 секунди. Тоа е многу загубено време“, смета Невил.

- Оглас -

Најнови вести