15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Милан се мачеше со десетмина, но дојде до победа со голот на Чуквуезе (Видео)

Милан ја оствари четвртата победа во Серија А, откако на „Сан Сиро“ го победи Удинезе со 1-0. Тимот на Пауло Фонсека повеќе од еден час играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Тијани Рејндерс, но успеа да освои три бода со голот на Самуел Чуквуезе во 13-та минута.

Работите се закомпликуваа за Милан кога Рејндерс беше исклучен во 29-та минута, а беше драматично до последните мигови.

Во судиското продолжение Удинезе постигна гол за израмнување преку Кристијан Кабаселе, но по прегледување на ВАР снимката не беше признат поради офсајд позиција.

- Оглас -

Најнови вести