Хаверц по стапките на Меси од 2011 година, головите на Германецот носат титули

Натурализираниот Италијанец Жоржињо, за помалку од една година ги освои Лигата на шампионите, Европското првенство и Светското клупско првенство, но вистинскиот јунак на Челзи всушност е Германецот Каи Хаверц.

Хаверц беше стрелец на голот со кој Челзи го победи Манчестер сити во ланското финале на Лигата на шампионите, а Хаверц вечерва погоди од пенал против Палмеирас за светска титула на Сините од Лондон.

Поранешниот играч на Баер Леверкузен е првиот фудбалер после Лионел Меси од 2011 година, кој дал победнички гол во финале на ЛШ, па после тоа погодил и во финале на светско клупско првенство.

- Оглас -

Најнови вести