2502 Молде – Стромсгодсет (18 ч.)
Првиот фаворит за титулата во Норвешка кога игра на свој терен секогаш е фаворит. Молде има шест победи по ред во дуелите против Стромсгодсет, а последните пет меча завршуваат со барем три погодоци. Молде и сезонава има одличен напад што во просек дава 2,5 погодоци, но и несигурна одбрана, па во просек прима гол на секоја средба.
Стромсгодсет игра отворен фудбал, без многу калкулации, па освен сигурна победа на Молде, тука може да се очекуваат и повеќе погодоци.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.45)
2504 Викинг – Стабек (18 ч.)
Викинг не можеше да добие подобар ривал во ова коло затоа што Стабек има пет порази по ред. Двата тима имаат очајни одбрани и освен последнопласираниот Бран, кој има примено 21 погодок од 10 меча, ова се двете екипи со најмногу примени погодоци.
И традицијата на меѓусебни дуели покажува дека двете екипи погодувале барем по еднаш во четири од последните шет средби.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.65)
2706 ХИФК – ХЈ Хелсинки (17:30 ч.)
Со девет победи и само едно реми во 10 меча, Хелсинки само потврдува дека е неколку класи над останатите екипи во Финска. ХИФК е ривал кој претрпел девет порази во последните 11 средби со Хелсинки, па иако игра на домашен терен, тешко дека ќе може да се надева на бодови.
Предлог тип: 2&2-5 (1.88)
1603 Калју – Тулевик (17 ч.)
Само една победа во шест меча на свој терен не е биланс за пофалба на Калју, но сепак, домаќините се убедени во триумф против Тулевик. Гостите имаат „промаја“ во одбраната, па на 15 меча примија дури 32 гола, односно повеќе од два на меч. Тоа само треба да е дополнителен мотив за Калју да тргне офанзивно и да ги освои трите бода.
Неверојатна е традицијата која вели дека Калју има 17 победи во последните 20 средби со овој ривал.
Предлог тип: 1 (1.55) – во Супер тип на Sport Life
2506 Бран – Лилестром (20 ч.)
Бран е најголемо разочарување во Норвешка и само со четири бода од 10 меча е на дното од табелата. Лилестром е во „златната средина“ и денеска има големи шанси да се врати со бодови од ова гостување.
Сепак, последните два меча на овие два тима завршиле со победа на Бран, па треба да се биде претпазлив. Најсигурно е да се игра на погодоци, кои треба да ги очекуваме.
Предлог тип: 2-3 (2.01)