Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, нема да си замине од „Енфилд“ летово, објави англискиот новинар Бен Џејкобс.
Легендарниот капитен на Црвените, Стивен Џерард, кој пред неколку дена и официјално беше назначен за тренер на Ал-Итифак, се обиде да го убеди Хендерсон, да ја прифати понудата од Саудиска Арабија.
Но, актуелниот капитен ја одбил понудата на поранешниот капитен на Ливерпул и во следната сезона повторно ќе ги предводи Црвените.
Според новинарот, Хендерсон планира да биде дел од англиската репрезентација на Европското првенство што ќе се игра идната година во Германија и поради тоа го одбил повикот на Џерард.