Хендикеп за Атлетико: Без еден од клучните фудбалери против Борусија Дортмунд

Од екипата на Атлетико Мадрид и официјално соопштија дека на еден од тренинзите се повредил Мемфис Депај, еден од клучните фудбалери во составот на Чоло Симеоне. Тој беше стрелецот на голот за продолженија во осминафиналето против Интер, а сега ќе биде надвор од составот за двобојот со Борусија Дортмунд.

Нема официјална информација за каков тип повреда се работи и колку ќе биде паузата, но според шпанските медиуми, Депај ќе биде надвор од теренот три до четири седмици, што би значело дека нема да игра ниту на реваншот против Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести