Некогашните југословенски републики Србија, Хрватска и Црна Гора денеска првпат излегуваат на мегдан на Европското првенство во ракомет во Германија. Според ривалите коишто ги имаат, некогашните екс-Ју земји се во подредена улога и ќе биде изненадување ако успеат да победат.
Србија игра против Исланд, а иако традицијата во меѓусебните дуели вели дека двете селекции имаат по една победа и две нерешени, овојпат островската земја е фаворит.
Црна Гора за противник ја има Унгарија, додека во дербито на денот, Хрватска игра против Шпанија. Коцкестите и Црвената фурија имаат одиграно многу натпревари меѓу себе, а во последните 10 средби двете селекции имаат по четири триумфи, а двапати било нерешено.
Тоа што е интересно во понудата на Sport life е дека на три од четирите денешни средби, хендикепот е ист, границата е поставена на 3,5 голови разлика. На дербито меѓу Шпанија и Хрватска хендикепот е на 2,5 голови секако во корист за Шпанија.
Во понудата има и дури 27 ракометари за „плус-минус“ голови, а тоа се играчи кои треба да настапат на денешните четири средби.