Давид Алаба летоска од Баерн Минхен се пресели во Реал Мадрид, но пред да се реализира трансферот, негова желба била кариерата да ја продолжи во Барселона. Алаба целата кариера ја играше за Баерн, а откако му истече договорот, се нафати на нов предизвик.
Некогашниот претседател на Баерн, Ули Хенес, во пресрет на денешниот меч на Баерн со Барселона даде интересна изјава поврзана со Алаба.
„Алаба еднаш ми рече дека сон му е еден ден да заигра за Барселона. Јас тогаш ги прашав дали сака да преговара со нивниот претседател или со стечајниот управник бидејќи знаевме во какви проблеми се“, изјави Хенес.
И Каталонците се интересираа за Алаба, но поради финансиските проблеми, не беа во можност да му ги исполнат барањата, па Австриецот замина во ривалот Реал.
„Барселона веќе не ни е пример како треба да се води клуб. Баерн вечерва ќе биде фаворит бидејќи Барселона не е во најдобра ситуација откако мораше да продаде некои од најдобрите играчи“, смета Хенес.