Алекс Занарди, поранешниот возач во Формула 1, има неверојатна судбина. Италијанскиот возач во 2001 година во страшна несреќа на патеката во Германија во КАРТ шампионатот едвај остана жив, но мораа да му се ампутираат двете нозе. Таа несреќа не го обесхрабри Занарди, кој реши да стане возач на велосипед со раце, спорт кој е дел од параолимписките игри.
На Олимписките игри во Лондон во 2012 година и Рио де Жанеиро во 2016 година, Занарди успеа да освои четири златни и два сребрени медали, покажувајќи го неговиот победнички менталитет. Италијанецот е и неколкукратен светски првак во овој спорт.
Токму за време на една трка во Тоскана, Италија , Занарди доживеа нова тешка несреќа откако беше удрен од камион. Занарди доживеа тешки повреди на главата и со хеликоптер беше пренесен во болница. Сега, точно по еден месец од несреќата, стигнуваат позитивни вест.
Занарди добро закрепнува, па бил пуштен од болница и заминал во посебен центар за рехабилитација, каде што ќе продолжи неговото лекување.
„Откако Алекс дојде при свест, беше проценето дека може да биде преместен од болница затоа што основните здравствени параметри беа стабилни“, велат докторите од болницата „Санта Марија“ во Сиена.