Некогашниот формула 1 возач се бори за живот откако се судри со камион

Алекс Занарди се наоѓа во тешка здравствена состојба, откако вчера доживеа тешка сообраќајна несреќа за време на една трка во Италија. Занарди удрил во камион и се здобил со тешки повреди на главата. Со помош на хеликоптер веднаш бил пренесен во болница, каде му е направена операција и сега останува да се избори со тешките повреди.

Занарди е некогашен формула 1 возач кој пред 19 години доживеа тешка несреќа за време на една трка во Германија, по што мораа да му бидат ампутирани двете нозе до потколениците. И покрај тоа што остана без двете нозе, Занарди не се предаде и реши да започне да вози велосипед со раце, спорт кој е дел и од параолимписките игри.

Од 2011 година до сега, Занарди освои 14 медали на големи натпреварувања, од кои дури 11 беа златни одличја. Утринава, докторот кој го оперираше Занарди, изјави дека Алекс е во тешка состојба и се наоѓа во неврохиргија.

- Оглас -

Најнови вести