Херојски подвиг на младиот возач кој стигна до првата победа во Ф1 кариерата

Џорџ Расел е победник на трката за Големата награда на Бразил во Формула 1 шампионатот. За младиот возач на Мерцедес ова е прва победа во Ф1 кариерата. Веднаш зад него, само со една и пол секунда заостанување, помина неговиот клупски колега Луис Хамилтон, додека место на пиедесталот имаше и за возачот на Ферари, Карлос Саинц.

Трката ја одбележа хаосот на стартот. Уште во првиот круг поради судир на Рикиардо и Магнусен, на патеката се појави сигурносното возило. Потоа продолжија судирите, и тоа меѓу Ферстапен и Хамилтон, потоа Норис и Леклер и Ферстапен и Норис. Поради овие инциденти, возачите добија по пет секунди казна.

И покрај казната од пет секунди, Хамилтон успеа да стигне до второто место на оваа трка, која е претпоследна во шампионатот. Последната трка ќе се вози следниот викенд во Абу Даби.

Во генерален пласман, Ферстапен е прв со 429 поени, пред Перез со 290, Леклер 290, Расел 265, Хамилтон 240, Саинц 234, Норис 113…

- Оглас -

Најнови вести