Хет-трик на Дембеле, ПСЖ славеше против Брест

Пари Сен Жермен ја оствари 15-та победа и сѐ уште е без пораз во првенството на Франција, откако славеше на гости против Брест со 2-5. Осман Дембеле потврди дека се наоѓа во одлична форма постигнувајќи хет-трик, а погоди и Гонсало Рамош двапати.

Дел Кастилјо и Ажорке беа стрелци за Брест, кој сепак немаше сили да остане непоразен против актуелниот шампион.

ПСЖ е лидер со 50 бода, а Олимпик Марсеј има 37 и еден одигран меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести